Шеснаесет бебиња кои по земјотресот во Турција се пронајдени сами во градот Кахраманраш се префрлени во Анкара со авионот на турскиот претседател Ердоган. Фотографијата го обиколи светот и е уште една од низата приказни од спасувањето на децата по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија кој се случи во понеделникот и беше со јачина 7,8 според Рихтер.