Дваесет и две годишните сијамски близначки, Лупита и Кармен Андраде, неодамна во јавноста зборувале за тоа како е да се живее нивниот живот заедно.
Близначките, кои се родени во Мексико, а израснати во Соединетите Американски Држави, имаат заедничка карлица, репродуктивен систем, црн дроб и крвоток. Секој од нив има контрола над едната нога, така што Кармен ја контролира десната, а Лупита левата.
„Не беше секогаш лесно. Имавме многу предизвици, но имаме прекрасен живот“, изјавила Кармен за „Тудеј“.
View this post on Instagram
Сестрите објасниле дека никогаш не се обиделе да направат операција која би ги разделила, бидејќи тоа може да биде фатално за едната или дугата или пак за двете.
Кога биле мали, оделе на физикална терапија за да научат како да седат и да ги користат нозете – првите чекори ги направиле на четири години.
Сестрите велат дека луѓето најмногу ги интересира како изгледа нивниот љубовен живот со оглед на тоа што имаат една вагина. Објаснуваат дека имаат различни ставови за љубовта – Кармен има момче Даниел, додека Лупита е асексуална.
„Никогаш не се обидов да сокријам дека сум сијамски близнак. Затоа добив многу пораки од момци со фетиши“, раскажала Кармен, додавајќи дека го запознала своето момче на апликација за запознавање во октомври 2020 година.
View this post on Instagram