„Слуга и цар” е новиот албум на Тони Шоу

“Слуга и цар” е новиот албум на Тони Шоу насловен по неговата песна и е компилација на стари и нови песни кои ја одбележаа неговата кариера.

Албумот има  10 песни и еден кавер со тенорот Христо Арсовски, издаден лани во декември. Оваа година Тони Апостоловиќ ќе прослави 20 години соло кариера под псевдонимот Тони Шоу . Годините наназад има соработувано со многу наши автори и композитори како :  Григор Копров,  Борче Нечовски, Драган Ристовски, Огнен Неделковски, Валентин Скендеровски и  други.

“Чувај ме” е последната песна и спот со која го најави новиот албум, а е авторско дело на Тони Шоу. музика – Борче Нечовски, текст и аранжер и продуцент Кристијан Габровски додека спотот го изработи продукцијата Тони Шоу мк мјузик, а режираше Влатко Павлески.

Scroll to Top