Едно скорешно испитување во Германија покажа дека сексот со партнерот е подобар од сексот за една вечер. По испитувањето, во кое учествувале 63 луѓе, германските експерти дошле до следниов заклучок.
Партнерот знае што сакате, па затоа е подобро покрај себе да имате некој кој ги познава вашите слаби точки, кој знае каде сакате да ве допира. Партнерот со кој сте во врска го познава вашето тело, а оној за една вечер – не.
Сексот во врска им овозможува на жените многу подобар и посилен оргазам, бидејќи се поопуштени и се чувствуваат попријатно со некој кој го познаваат, отколку со странец кого штотуку го запознале.
Испитувањето покажало и дека „валканите“ идеи побрзо би ги споделиле со партнерот отколку со некој кој им е само за една вечер.
Секост во врска ви дозволува и предигра, а кај сексот за една вечер тоа е само механички секс.