Природните сокови имаат добар ефект врз здравјето, а некои видови можат дури и да го забават процесот на стареење бидејќи содржат специфични антиоксиданси, витамини и минерали.
Сокот од калинка е на прво место. Калинката, меѓу другото, содржи молекула која вашиот цревен микробиом ја претвора во нешто што се нарекува уролитин А. Ова хемиско соединение ги одржува митохондрии здрави. Познато е дека митохондријалната дисфункција е еден од белезите на стареењето.
Сокот од морков треба да се консумира и почесто бидејќи содржи многу антиоксиданси кои го забавуваат стареењето. Некои од нив се лутеин и бета каротен. Истражувањата покажаа и дека бета каротенот го намалува ризикот од рак на простата.
Сокот од цвекло, благодарение на неговата висока концентрација на нитрати, ги одржува крвните садови здрави и ја подобрува когнитивната функција како што стареете. Утврдено е дека сокот е поздрав од готвената форма на овој зеленчук.
Грејпфрутот содржи посебен вид каротеноид наречен ликопен. Забележано е дека ликопенот има подмладувачки ефекти врз кожата на средовечните луѓе.