Зоран Марјановиќ, кој е осуден на 40 години затвор поради убиството на сопругата Јелена Марјановиќ, 24 часа е под 24-часовен надзор во Централниот затвор оти најавил дека ќе се самоубие, пренесе српски „Телеграф“.
Зоран има 40 години и осуден е на 40 години затвор, за него тоа е исто како да добил доживотна казна, вели извор од казнената установа и додаде дека Марјановиќ има посебен третман уште од првиот момент кога го донеле.
„Се разбира се трудиме да не нè забележи, но буквално 24 часа го набљудуваме. Тоа е процедура која се применува кога ќе процениме дека постои шанса осуденикот да си наштети себеси“, објаснува изворот кој работи во затворот повеќе од 20 години.
Криминологот Добривој Радовановиќ објаснува дека секој затвор има свои прописи и дека тоа важи за Централниот затвор.
„Се разбира дека постои постојан надзор за да се исклучи секаква можност затвореникот да не се повреди или самоубие. Се исклучува можноста да користат ножеви, метален прибор, како и присуство на некаков вид јаже, за да не се обеси. Сечењето на вените се спречува со елиминирање на остри предмети, а најголем проблем се жилетите и додатоците за бричење“, објаснува Радовановиќ.
Адвокатот Иван Симиќ нагласува дека режимот во секоја установа е различен.
„Ако постојат индиции дека затвореникот сака на кој било начин да го загрози животот, како на себе така и на другите затвореници, веднаш реагира управата, го притвора или затвора и тој се става под посебен режим. Тоа подразбира постојан надзор на правосудните стражи и константна обиколка на притворениците“, вели изворот.
Тој додаде дека како некој вид превентива се земаат и класификациите на затворениците. Управникот е тој кој од одредува кои од затворениците ќе делат иста ќелија.
Покрај тоа, притворениците кои покажуваат такви индиции одат на чести разговори со стручни лица, психијатри и психолози, кои го следат нивното однесување. Голема улога игра и тоа дали затвореникот е во самица или со него е уште еден затвореник, кој во случај на самоубиство, веројатно веднаш би реагирал да го спаси.