„Стана опседнат“ – Британка ги оставила сопругот и децата за Масаи воин, па се покајала

Шерил Томсгуд, денес 65-годишна од Сомерсет, по повеќе од три децении проговори за турбулентната и, како што вели, длабоко погрешна одлука – ги оставила сопругот и трите деца за воин од народот Масаи кој го запознала на одмор во Кенија, пишува Дејли Мејл.

Сè започнало во 1995 година во хотелот Бамбури Бич во Момбаса, каде што тогаш 34-годишната Шерил, веќе во вториот брак, го запознала десет години помладиот Даниел Лекименча, кој таму настапувал како дел од фолклорна група.

Набргу потоа, таа го напуштила сопругот Мајк Мејсон и нивните деца и се вратила во Кенија за да почне нов живот со Даниел во регионот Самбуру.

Шерил набрзо стана глобална вест – жена од средната класа од британскиот остров Вајт која го заменува својот дом за колиба од кал, козја кожа за душек и ја менува својата исхрана на кравја крв и зелка.

На почетокот сето тоа изгледало како духовна врска – тие зборувале за културата на Масаи, едноставниот живот и важноста на духовното пред материјалното. Но, сè почнало да се менува откако се вратиле во Велика Британија во 1995 година, се венчале на Денот на вљубените и почнале да живеат заедно во Њупорт со трите деца на Шерил.

Шерил сега признава дека Даниел брзо се променил:

„Тој стана опседнат со пари, сакаше поголема куќа, дизајнерска облека и да испраќа пари во Кенија. Тој повеќе не беше духовниот воин што го запознав“, рече таа.

Парот сè почесто влегувал во конфликти, а незадоволството на Даниел од британскиот начин на живот и зголемените барања ја правеле Шерил сè потешка за поднесување.

Тие се разведоа во 1999 година, една година по раѓањето на нивната ќерка Мици. Шерил вели дека разводот бил неминовен:

„Чувствував дека ме искористи. Јас бев неговиот билет од сиромаштија“, истакнува таа. Денес, нема никаков контакт со Даниел, кој и понатаму живее на островот Вајт, каде што работи во супермаркет.

Во едно трогателно интервју, тој ја открива и подлабоката позадина на неговата одлука во тоа време – тешко детство, сексуална злоупотреба, родители алкохоличари и брак без љубов.

„Кога отидов во Кенија, бев скршена. Се надевав дека ќе најдам исцеление преку духовна врска, но тоа не беше излезот“, признава таа.

Она што најмногу жали е влијанието на сето тоа врз нејзините деца.

„Даниел никогаш не можеше да ги разбере западните вредности и не можеше да биде татко што им требаше“, раскжа.

Денес има добри односи со сите четири деца – најстариот син Стив има 43 години, Томи 41, Клои 34, а Митси 27, за која вели дека е „единствената добра работа“ што произлегла од тој брак. Шерил сега живее мирен живот во приморски град каде никој не знае за нејзиното необично минато. Конечно, таа додава: „Никогаш не сакам да се омажам повторно. Имав три – и секој од нив беше катастрофа“.

Scroll to Top