Телохранителот на Мараја Кери ја обвини дека сексуално го малтретирала

By

Мајкл Ањело тврди дека Мараја Кери го навредувала на расна основа и сексуално го вознемирувала.

dobivaj vesti na viber

Низата холивудски приказни за сексуалното вознемирување продолжува и со случајот на Мајкл Ањело, поранешниот телохранител на пејачката Мараја Кери, кој тврди дека таа сексуално го малтретирала и го навредувала на расна основа.

Ањело изнесе цела низа обвинувања на сметка на пејачката и тврди дека таа му должи 221.000 долари, како и дека во текот на двете години додека се грижел за неа, таа континуирано го навредувала.

„Ме нарекуваше нацист, член на ККК, борец за надмоќ на белците“, изјави Ањело и потоа откри дека пејачката и сексуално го вознемирувала.

„Бевме во Кабо Сан Лукас и таа ме замоли да го внесам багажот во нејзината соба. Кога влегов во просторијата, ме дочека со откопчан проѕирен фустан кој личи на неглиже. Се обидов да излезам надвор, но таа го помести багажот и настојуваше да ме спречи. Сепак, успеав да ја напуштам собата и успеав да спречам физички контакт“, изјави Ањело.

 

 

Ќе ви се допадне

https://tai.go88.is/

hướng dẫn tải sunwin cho iphone