„Тик-ток“ воведува ново ограничување за лица помлади од 18 години

Откако минатата година воведе забрана за поттикнување на тинејџерите за подобро управуваат со своето време пред екраните, Тик ток сега најави дека ќе го ограничи времето на само 60 минути дневно за помладите од 18 години.

Досега корисниците на платформата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, мораа да имаат најмалку 13 години, а за неколку недели, оние под 18, ќе добиваат известување за времето кое го поминале на Тик ток.

Откако ќе ги надминат 60-те минути, ако сакаат тинејџерите да продолжат да користат Тик ток, ќе мора да ја внесат шифрата од нивните родители, само ако за тоа добијат дозвола од нив. Од компанијата ByteDance тврдат дека за новото ограничување се одлучиле исклучиво за нивно добро.

Иако има и такви кои мислат дека новите мерки не се доволни. Извршниот директор на Центарот за сузбивање на дигитална омраза, Имран Ахмед неодамна рече дека истражувањето кое го направиле покажало дека алгоритмот на Тик ток ги бомбардирал тинејџерите со штетни содржини.

Ахмед смета дека оваа мерка мора итно да се промени. „Тик ток победи во трката за срцата и умовите на младите од 14 до 24 години“, рече тој за „Би-Би-Си“.

„Алгоритмот на Тик ток создава зависност како онаа од кокаинот и е поопасен од она што луѓето мислат. Со истиот треба под итно да се позанимаваме“, додаде Ахмед.

Објасни и дека истражувањето од неговиот центар на крајот на минатата година, покажало случај со 13-годишна корисничка, која, за само неколку минути по отворањето на сметката на Тик ток, почнала да добива содржини за нарушувања во исхраната и самоповредување во нејзината храна.

Платформата исто така повикува да се насочат напорите не само на намалување на времето пред екраните, туку и на чистењето на штетната содржини, за да платформата стане побезбедна средина за децата.

Во септември 2021 година Тик тој објави дека има повеќе од милијарди активни месечни корисници, што го прави една од најголемите социјални мрежи на светот и иако не објавува демографски преглед на своите корисници, огласувачите нагласуваат дека платформата е клучна да допре до оние помлади од 34 години, група која наводно го сочинува мнозинството корисници на Тик ток.

 

Scroll to Top