Украден накит вреден 100.000 евра од музеј посветен на семејството Бонапарта

Од музеј посветен на семејството Бонапарта во близина на Париз, украден е накит вреден околу 100.000 евра. Накитот ѝ припаѓал на внуката на Наполеон, принцезата Матилда. Музејот се наоѓа во замокот Фонтенбло, кој бил поранешна резиденција на француските династии.

Според медиумите, крадците при грабежот користеле скала и ја скршиле оградата од просторијата во која се чувал накитот. Кога се огласил алармот, околу 5 часот наутро, персоналот видел две лица во бегство.

Ерик Вајан, јавен обвинител на Гренобл, рекол дека истрагата ѝ е доверена на судската полиција. Тој изјавил дека накитот е сопственост на Фондацијата на Франција.

Scroll to Top