Украина во подземна станица го избра претставникот за Евровизија

Во саботата вечерта Украина го избра новиот претставник за Евровизија. Изборот се одржа во подземна станица претворена во засолниште од бомби во војната.

На официјалната страница ESC е објавено дека победила групата TVORCHI со песната „Heart of Steel“. Станува збор за електро-поп дуо кое е основано во 2018 година. Во составот се Џефри Кени и Андрил Хуцуљак. Ова е нивниот најголем успех во кариерата, објавија светските медиуми.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Украина“, им рече на гледачите пејачот Џефри Кени.

„Не очекувавме да победиме, но сакаме да им кажеме „благодарам“ на сите што не поддржаа, кои ја слушаат нашата музика и кои се борат на првите борбени линии“, додаде Хуцуљак.

За потсетување, Оркестарот Калуш беше победник на годинашниот Евросонг. Киев го доби правото на пренос на Евросонг во 2023 година, но Британија ќе биде домаќин на настанот поради руската војна, кој следната година ќе се одржи во Ливерпул.

 

Scroll to Top