Урми со чоколадо и лешници

Потребни состојки:

25-30 урми без семки
50 г печени мелени лешници,
50 г мелени ореви
исцеден сок од еден свеж портокал
мед по вкус
неколку капки арома на ванила или рум

За глазура:

40 г посно чоколадо
2 лажици масло

Начин на подготовка:

Во помал сад измешајте две третини од мелените лешници и мелените ореви, па додајте исцеден сок од еден портокал. Промешајте, па постепено додајте го остатокот од мелените јатки. Треба да добиете густа смеса. Доколку е потребно, додајте уште малку јатки, бидејќи густината на смесата најмногу зависи од големината и сочноста на портокалот. Земете една урма во рака и пресечете ја од едната страна. Во средината ставете една мала лажичка од филот, па поклопете како сендвич. Вака филувајте ги сите урми и оставете ги на страна. Потоа пригответе ја чоколадната глазура. Во помал сад искршете 40 г посно чоколадо, па додајте две лажици масло и загревајте на тивок оган, со постојано мешање додека чоколадото да се растопи и да добиете сјајна глазура. Секоја урма натопувајте ја во чоколадната глазура и со на две виљушки вадете ја и оставете ја врз мазна површина, чинија или хартија за печење. Откако ќе завршите со глазирањето, оставете ги да се оладат и глазурата да се стегне.

Scroll to Top