Холивудскиот актер Даниел Крег учетвуваше во шоуто Actors on Actors на American Media Variety со Хавиер Бардем , со кого заедно глумеа во филмот Скајфол. Во шото две филмски или ТВ ѕвезди се интервјуираат меѓу себе.
По завшрувањето на интервјуто, кое траеше нешто повеќе од 20-тина минути, Бардем забележа дека Крег има нешто на челото.
„Да ти го поставам последното прашање. Што ти се случило овде?“, праша Бардем покажувајќи на челото.
„Каде? Дали имам сендвич на главата?”, Крег се пошегува, па отиде да се погледне во огледало. Тој го објасни што се случило.
„Ми испратија прекрасно светло во облик на круг и го ставив iPad на средена. Само ми падна врз глава непосредно пред интервјуто”, низ смеа раскажа тој, а Бардем додаде дека таков бил за време на целото интервју.
Крег се пошегува дека секогаш се повредува на снимања.
„Го играв Џејмс Бонд 17 години. Не е ни чудо што секогаш се повредувам кога снимам. Ако не се повредам додека снимам, не го правам тоа како што треба”, рекол Крег.