(Видео) Бразилска пејачка загина за време на летот на нејзиниот концерт

Бразилската пејачка Мариља Мендонса (26) загина за време на летот на нејзиниот концерт. Во авионската несреќа загинаа уште четири лица кои биле со неа.

Тимот со кој работела Мендоса прво соопшти дека пејачката ја преживеала несреќата, за подоцна да објави дека нема преживеани. Покрај Мендоса, во несреќата загинал и нејзиниот вујко, продуцентот и уште двајца членови на екипажот.

За потсетување, Мариља ја освои награата Латино Греми и беше многу популарна во Бразил. Таа  имаше речиси 40 милиони следбеници на Инстаграм со 22 милиони претплатници на каналот Јутјуб. Зад себе остави двегодишен син.

Scroll to Top