(Видео) Елмас даде гол за Наполи во Лига Европа

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас даде гол со глава за тимот на Наполи против Спартак Москва во Лига Европа. Италијанскиот клуб на крајот го загуби натпреварот со 2:1, па со победата Русите сега се први во групата.

Во последното коло ќе се решава кој од првите два тима ќе оди во следната фаза, а кој како третопласиран во Конференциската лига.

Во групата Спартак и Наполи имаат по 7 бода. Следат Легија со 6 и Лестер Сити со 5, но овие два тима имаат и меѓусебен меч кој го играат во четврток.

 Александар Соболев даде два гола за Спартак Москва. Елмас беше стрелец во 64 минута. Во последното коло на 9 декември Наполи ќе игра со Лестер Сити.

Scroll to Top