Секоја година на 21 септември се одржува саемот во Шабац, а оваа година социјалните мрежите ги преплави видео од госпоѓа која продава, како што вели, „гаќи со ГСП“.
На видеото кое стана популарно на социјалните мрежи, може да се види жена која се обидува да ја продаде споменатата машка долна облека за профит.
Кога случајните минувачи ја прашале за што служат „гаќите со ГПС“, таа тврдела дека тие го спасуваат бракот.
„Спасуваат љубов, спасуваат брак“, почнала да објаснува госпоѓата од Шабачкиот панаѓур, а потоа додадла: „Снимаат ако мажот ве изневери, жената гледа се од дома. Досега имам продадено 2.000 парчиња“, тврдела таа.
Таа дури им понудила на случајните минувачи да ја пробаат оваа облека за да ја докажат нивната валидност.