(Видео) Грешка го чинеше „Гугл“ 100 милијарди долари

Од компанијата Google го претставија новиот chatbot сервис Bard, кој претставува одговор на се популарниот ChatGPT, ама со една реклама успеаа да ја загрозат цената на своите акции и да загубат 100 милијарди долари.

Google Bard даде погрешен одговор на прашање во промотивно видео, па цените на акциите паднале за седум проценти и ја намалиле пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.

Bard е претставен на почетокот на неделава, а сними кратко промотивно видео во кое вештачката интелегенција погрешно одговара на прашањето: Што да му речете на дете од девет години за откритијата на телескопт на Џејмс Веб.

Bard одговори дека Џејмс Веб е првиот телескоп кој фотографирал планети надвор од Сончевиот систем, иако тоа го има направено Европскиот телескоп уште во 2004 година. Оваа грешка ја забележале астроними на „Твитер“.

„Зошто не ги проверивте фактите од овој пример пред да го објавите? Ако користите „Гугл“ за да пребарате податоци, ќе видите дека Bard погреши. Пробајте да гуглате, кога е направена првата директна фотографија од егзопланета“, рече профеосорот од Универзитетот „Њукасл“, Крис Харисон.

Цените на акциите на компанијата која е во сопственост на „Гугл“, Alphabet паднаа за седум проценти со што пазарната вредност на компанијата е намалена за 100.000 милијарди долари.

„Грешката покажува колку е важен и ригорозен процесот на тестирање, кое ќе го започнеме неделава. Ќе ги комбинираме надворешните повратни информации со нашето сопствено тестирање за да се увериме дека Bard е високо рангиран според квалитетот, безбедноста и заобленоста на информациите од реалниот свет“, рекоа од „Гугл“.

Scroll to Top