(Видео) Јога вежби против вкочанети рамена и болки во вратот

Мускулите на вратот трпат голем притисок затоа што ја носат тежината на главата, па рамената се склони кон воспаление и вкочанетост. Неправилното држење, стресот и долгото седење може да доведат до лоша циркулација во пределот на вратот.

Неправилното спиење и перницата што не ви одговара, исто така, можат да предизвикаат вкочанетост во овој дел од телото.

Симптомите можат да бидат главоболка, вртоглавица, замаглен вид, чувство на трнливост, спазми на мускулите и вратот, како и болка.

Со помош на овие јога вежби, ќе можете лесно да се ослободите од сите непријатности во овие делови од телото.

Scroll to Top