(Видео) Кина произведе џиновски воен робот на четири нозе

Кина произведе џиновски електричен робот на четири нозе, а според земјата тој е најголемиот во светот, објави Глобал Тајмс. Кина одамна е позната по тоа што прави огромни напори да стане глобален лидер во роботиката до 2025 година, но и во воената технологија.

Робот е бионички, кој иако е голем и гломазен, сепак може да се движи напред и назад, да се врти и да оди дијагонално. Покрај тоа, трча и скока благодарение на 12 сетови зглобни модули. Има сензори за да се снаоѓа во околината и да се прилагоди на различен терен, како скалила, канали, карпи, калливи патишта, пустини, снег и сл. Тој исто така може и да се наоружа, да носи до 160 кг товар и да достигне брзина на движење од 10 км/ч.

Се очекува да ќе биде дел од извидниците во сложените средини, како што се оддалечени погранични региони и многу ризични борбени зони бидејќи може да собира и тактички информации на бојното поле. Тој исто така може да се користи за транспорт на опрема, муниција и храна на различни локации кои се тешко достапни или недостапни со конвенционални возила.

Scroll to Top