(Видео) Луѓе се соблекоа голи затоа што не може да подигнат пари во банка

Луѓе во Нигерија се соблекоа голи во банка затоа што не можат да си ги подигнат парите. Еден од нив има 520.000 наири на сметка, но вработените на шалтер одбија да му дадат повеќе од 20.000. Друг се соблече и се качи на шалтер. Има и тепачки, а кај некои банки има шатори за да не се чека на Сонце.

Џафет Џошуа Бабатунде рече дека платата му била депонирана пред недела дена, но уште не може да ја подигне.

„Ме фаќа нервоза. Тоа се мои пари. Не барам заем“, рече Џафет за „Фајненшел Тајмс“.

Друг клиент тврди дека пет дена по ред доаѓа во банка и дека се уште не може да добие кеш. Чуварот рече дека има наредба да ја заклучи банката и да ги остави клиентите да чекаат надвор, по што се случи тепачка.

За потсетување, хаосот со недистиг на пари и гориво во Нигерија трае веќе некое време и се случува на три недели пред претседателските избори. Кандидатите од политичките партии се обвинуваат тврдејќи дека другите се одговорни за кризата.

Централната банка на Нигерија минатиот октомври ги повлече апоените од 200, 500 и 1000, наири од оптек. Владата сака да ги замени со нов дизајн за кој тврди дека е побезбеден. Но, замените не се случија веднаш и рокот е пролонгиран за следниот петок.

 

Scroll to Top