(Видео) Маж се обиде да украде хеликоптер, но се сруши за брзо откако полета

Маж упаднал на аеродром во Сакраменто ` се обидел да украде хеликоптер. Сè што направил е само хаос, па морале да реагираат и од ФБИ, пишуваат локалните медиуми.

Лицето влегло нелегално на аеродромот јужно од Сакраменто во Калифорнија, рано утрото меѓу 4 и 6 часот по локално време и се обидел да стартува четири хеликоптери кои стоеле на пистата. Со еден од нив успеал за кратко и да полета, но брзо потоа се урнал и побегнал.

Хеликоптерот кој се обидел да го украде завршил превртен на страна, а делови од леталото завршиле на стотина метри растојание. Полицијата соопшти дека целосно го уништил, но за за среќа нема повредени.

Хеликоптерот бил во сопственост на локална чартер компанија. Станува збор за мултифункционален Bell 407, а затоа што станува збор за федерален прекршок, покрај полицијата биле вклучени и агенти на ФБИ, Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспорт.

Пилотот кој бил на аеродромот рече дека лицето успеало да влезе затоа што оградата не е доволно висока и објектот не е обезбеден со доволно камери. Додаде и дека неговите колеги побарале од локалните власти да ја подобрат безбедноста на аеродромот.

 

Scroll to Top