(Видео) Јапонија лансира вселенска ракета, а потоа ја уништи

Јапонија објави дека уништила нова ракета што ја лансираше во вселената во вторникот, откако моторот од втората фаза на леталото не се запали.

Ракетата H3 висока 57 метри беше лансирана од вселенскиот центар Танегашима на Јапонската агенција за воздухопловство (JAXA), откако лансирањето беше прекинато минатиот месец.


H3 го носеше АЛОС-3, сателит за набљудување и управување со катастрофи во орбитата, кој исто така е опремен да детектира лансирање на севернокорејски балистички ракети.

Но, JAXA рече дека го испратила сигналот за самоуништување на ракетата по дефект на моторот, што е удар за напорите на Јапонија да го прошири пристапот до вселената и да се натпреварува на глобалниот пазар за лансирање ракети.

Scroll to Top