Тројца Американци, Џеси Виг, Адам Колучи и Дан Спановиќ за 100.000 долари купиле напуштено средно школо во Пенсилванија и го превориле во стамбен блок со 31 апартман. Делови од реновирањето го споделија на „Тик Ток“.
Зградата однадвор изгледа како школо, но внатре има луксузни станови со теретани и заеднички простор за дружење на станарите. Стамбениот блок се вика Bowtie High, а еднособните станови ги изнајмуваат за 1400 долари месечно. Цената на двособните стигнува и до 1650 долари месечно.
Инвеститорите открија дека на почетокот не знаеле што да прават, но откако се советувале со експерти заклучиле дека е најдобро да го претворат во стамбен блок.
@jessewig Bowtie High. Before/After. #realestate #realtor #realestateinvesting #beforeandafter ♬ Inspiring Emotional Piano – Metrow Ar
„Старите згради можат да бидат мошне предизвикувачки за реновирање“, рече Спановиќ и додаде дека тројцата биле подготвени да ризикуваат.
„Знаевме дека по таа цена ќе најдеме начин да генерираме двојно повеќе пари за да го задоволиме секој инвеститор“, додаде тој.
Идејата и тоа како им се исплатиле затоа што апартманите им се пополнети во период од само шест месеци откако го пуштиле огласот. Оттогаш купиле уште две школи кои исто така планираат да ги претворат во апартмани.
@jessewig POV: you and your partners bought a highschool. #fyp #realestate #renovation #rehab ♬ Sunroof – Nicky Youre & dazy