(Видео) Обожавател фрли кеса со кремирани останки од неговата мајка за време на настап на Пинк во Лондон

Обожавател на пејачката Пинк на сцена за време на концерт фрлил кеса со кремирани останки од неговата мајка. Додека Пинк ја пеела четвртата песна на фестивалот „Бритиш самар тајм“ во лондонскиот Хајд Парк, ја земала кесата со бел прав што била поставена на сцената.

„Дали е ова твојата мајка?“, го прашала пејачката лицето кое ја фрлило кесата на бината.

„Не знам како се чувствувам за ова“, рекла пејачката изненадена од потегот, па потоа ја спуштила кесата зад звучниците на предната сцена и продолжила да ја пее нејзината песна „Џст лајк а пил“.

 

Scroll to Top