(Видео) На Британците робот им ги честита Божиќ и новогодишните празници

Еден од најнапредните светски роботи со вештачка интелегенција, на британскиот телевизиски канал Channela 4 им честиташе Божиќ и Новогодишни празници на гледачите. Роботот зборуваше за убавите и лоши работи кои се случија во 2022 година.

Зборуваше на теми како војната во Украина, смртта на кралицата Елизабета и климатските промени. Роботот кој го направи британската компанија Engineered Arts покрај тоа што може да зборува, може и да се насмее, да се намурти, да трепне, па дури и да намигне.

Станува збор за робот кој е способен за ултрареалистични реакции. Во говорот кој беше емитуван на Божиќ, рече: Гледам на настаните оваа година со воодушевување и загриженост. Вистина е дека голем број појави во 2022 година беа негативни. Гледавме како луѓето на власт подлегнуваат на антисемитизмот, коруцијата и омразата. Видовме како народот во Украина е подложен на инвазија и раселување од страна на Русија“.

„Видовме и како почина нашата сакана кралица Елизабета Втора и видовме како светот станува хаотичен во нејзина отсутност. Да не го споменуваме влијанието на пандемијата на менталното здравје, растот на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните и сите екстремни временски услови предизвикани од климатските промени“, рече Ameca.

Божиќниот говор не го напишал човек, туку е користен софтвер кој ги генерирал одговорите од милион различни варијанти, за да изгледа како да ги дал човек.

Amexa освен негативностите гледа и надеж и ги повика луѓето да го искористат овој момент како шанса за создавање на светла иднина и можност за учење и промена на начинот на кој го гледаме светот.

Главниот директор на Channel 4 Иан Кац рече: Додека гледаме во иднината во која вештачката интелегенција има сè поголема улога во нашите животи, алтернативната порака на Ameca е живописна илустрација и за моќта и за ограничувањата на оваа технологија. И покрај неверојатно реалистичните изрази на лицето, претпоставувам дека повеќето гледачи ќе бидат убедени дека во скоро време луѓето нема да бидат заменети со роботи со вештачка интелигенција.

Scroll to Top