(Видео) Се обидела да го отруе сопругот ставајќи му чистач за одвод во лимонадата

Дерматолог од Калифорнија е уапсена поради сомнение дека се обидела да го отруе сопругот, ставајќи му чистач за одвод во лимонадата. Џу Емили Ју била фатена на дело откако сопругот ѝ ставил камера во кујната.

На снимката се гледа како Емили во повеќе наврати му сипала од средството за чистење на одвод во лимонадата на сопругот Џек Чен. Чен кој работи како радиолог на полицијата им кажал дека му се слошило и дека се здобил со сериозни повреди пред да им ги предаде доказите.

Чен која сега бара развод по 10 годишен брак, тврди дека Ју со години го злоставувала него и нивните две деца, а во еден момент, наводно му порачала да цркне, покажале судските документи до кои дошле новинарите од „Њујорк пост“.

„Кога Емили ќе се изнервиа почнуваше да им вика на децата. Обично користи кинеска фраза која во превод значи цркни“, рекол Чен кој побарал од судот забрана за доближување.

„На децата ќе им викаше дека си имаат проблеми во главата, ги нарекуваше идиоти и им викаше да и се тргнат од патот“, рекол Чен.

„Ју била уапсена пред нејзината дерматолошка ординација во Калифорнија“, рече поручникот Бил бингам за „Дејли мејл“.

Бингам рече дека Чен ја повикал полицијата претходно истиот ден и им рекол дека сопругата го труела и дека имал видео докази.

„Нашите полицајци ја прегледаа снимката“, рече Бингам, пред Ју да биде уапсена поради сомнение дека го труела сопругот.

„Обвиненијата кои ги изнел сопругот беа сериозни и сметавме дека е важно да првземеме брза истрага“, рече Бингам.

Ју не е обвинета, но Чен доби привремена забрана за доближување додека полицијата ја продолжи истрагата. Чен претрпел и сериозни внатрешни повреди, но ќе се опорави, пренесоа медиумите. Засега мотивот за труењето не е познат.

Чен рече дека тој и Ју се запознале во 2011 година, а се венчале година дена подоцна, на 4 јули 2012 година. Рече дека нејзиното однесување се променило откако ги добиле нивниот син и ќерка во 2013 и 2014 година. Тој тврди дека и нејзината мајка Јукин Ејми Гу,  ги злоставувала децата.

„Емили и Ејми прво вербално, а потоа физички и насилно беа насилни кон нашите деца кога имаа две години. Како растеа ситуацијата се влошуваше“, навел Чен.

„Беа вербално и физички насилни и кон мене“, рече тој и додаде дека на децата постојано им говореле дека се глупави.

Чен тврдел дека Ју ја удирала ќерка ѝ кога таа имала само три години. Ја удрила затоа што го намокрила креветот. Исто така го тепала синот и го удирала по главата кога имал само две години.

„Кога децата ќе заспиеја без дозвола, дури и по 23:00 часот, таа ќе ги разбудеше и ќе бараше да одат во нејзината соба. Ќе ги затвореше и ќе ги расплакаше“, рече Чен.

„Некогаш ќе им речеше да излезат, а потоа ќе им ја тресенеш вратата и ќе ги тераше да плачат пред нејзината врата“, додаде тој.

Кога ќе ги испратеше во школо да свират клавир, Ју наводно им говорела дека се глупави, додека не заплакале. По наводното труење, Бингам рече дека Чен почнал да развива симптоми кои му се влошиле во минатиот месец.

Тој рече дека Чен побарал медицинска помош кога се разболел, но не можел да даде детали за тоа дали преку тестот за крв му бил откриен отровот во неговата крв.

„Изгледа дека труењето се случувало некое време. Мотивот засега се истражува. Се чини дека е семеен инцидент меѓу маж и жена“, додаде Бингам.

Рече дека досега работел на случаи на случајно труење на деца и дека случаите со намерно труење не се чести.

„Ова го работам 22 години и ова е многу необичен и единствен случај“, рече Бингам.

Чен и Емили живееле заедно во куќа вредна 2,7 милиони долари во Калифорнија. Нејзиниот адвокат за „Дејли Мејл“ ги отфрли обвинувањата и негираше дека неговата клиентка го труела сопругот или било кој друг.

Рече дека Чен поднел барање за развод во време кога таа била уапсена. Од кога платила кауција од 30.000 долари, Емили сега живее во друг стан и бара адвокат за разводи.

„Таа очигледно е шокирана од обвиненијата против неа“, рече адвокатот и додаде дека лажните обвинвуања се обид за да Чен стекне предност во парницата за развод и старателство кои ги покренал против неа.

Адвокатот рече и дека неговата клиентка негира било какви обвинувања дека ги злоставувала нејзините две деца.

„Таа негира било какви обвинувања за психичко и физичко злоставување на нејзините две мали деца“, рече тој и додаде дека Емили е извонредна мајка. Судењето е закажано за почеток на ноември.

Scroll to Top