Туристи од Србија кои додека чекаат да го поминат граничниот премин „Табановце“ се забавуваат со музика на Цеца.
Блех оркестар и трубачи се слуша на видеото, а се гледа и дека присутните додека чекаат се фатија и на оро.
Туристите од Србија прунидени се да чекаат и по неколку часа, па времето помеѓу го искористија да свртат едно оро.
„Не ни треба граница, отворен премин“, „Отворен Балкан“, „Ама кои балканци се во прашање, тоа можат и умеат само Срби, ако беа наши Македонци ќе дремеа на граница со пцовки за се живо и диво искрено да си признаеме“, се дел од коментарите.