Талибанците го претставија првиот суперавтомобил дизајниран и направен во Авганистан. Станува збор за Mada 9, прототип на спортски автомобил на кој работеле 30 инженери од компанијата ENTOP и Авганистанскиот технички институт во Кабул.
Перформансите допрва треба да се тестираат на патиштата. Тимот тврди дека моторот е земен од „тојота корола“ и дека тешко може да се мери со „бугати“ или „мекларен“.