(Видео) Во најевтиниот град Карачи за 1 евро цел ден може да се јаде и пие

Според податоците на страницата „The World of Statistics“, Пакистан е прогласен за најевтината држава во светот.

За да провери дали тоа е навистина така и зошто е така, Џош Ларкин од Јутјуб каналот „The Burnt Chip“, отпатувал во земјата во нејзиниот најголем град, главното морско пристаниште и финансиски центар – Карачи.

 

Во Карачи една британска фунта, односно околу 1,2 евра ги заменил за 400 пакистански рубљи и се обидел да открие што сѐ со тие пари може да си купи во еден ден.

Ларкин на почетокот од денот кај уличните продавачи пиел традиционален пакистански пијалак „doodthom“ којшто се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалак, за само 30 пакистански рубљи.

 

 

За ручек јадел „biruani“ – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко и пиел Пепси за околу 30-на центи, а за вечера уживал во ражниќ од морски плодови на кои потрошил сличен износ како за ручекот.

Scroll to Top