(Видео) Жена слушајќи ја навигацијата завршила со автомобилот во море

Жена слушајќи ја навигацијата завршила со автомобилот во море. Овој нејсекодневен настан се случил во Хаваи, откако на социјалните мрежи почна да се споделува видеото кое го снимил еден од туристите.

За среќа во несреќата немало повредени. Во автомобилот имало две жени, на кои веднаш им била укажана помош. Ги спасиле двајца мажи кои за брзо им се нашле и им помогнале безбедно да излезат. Возилото за брзо завршило на дното од морето и не успеале да го извадат. Жената возач рече дека завршиле во вода, затоа што го слушале стриктно ГПС-от.

„Сигурна дека тоа не требаше да се случи. Сцената беше неверојатна, сите се прашувавме што се случува. Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија во пристаништето и ги следеа упатствата на ГПС, кога погрешно свртија во водата“, рече девојката која го сними видеото.

Голем број од луѓето коментираа на социјалните мрежи. Некои и ги критикуваа велејќи дека требало да гледат каде возат.

„Гледаат ли низ шофершајбната, што нема да видам во денешниот свет? Значи, кога ќе видиш вода, не застануваш, туку продолжуваш да возиш со сета сила, не разбирам? Ова им било сигурно скап одмор.

Scroll to Top