Бразилката Грејси Џервазио својот 28. роденден го прославила на необичен и морбиден начин. Таа ги замолила нејзините пријатели на нејзиниот роденден да се облечат во црно и да се однесуваат како да на бдеење, да бидат тажни.
Девојката пак лежела во вистински ковчек за починати, а околу неа имало нејзини слики и запалени свеќи.
Девојката имала и роденденска торта, а свеќите ги дувала додека лежела во ковчегот.
Ваквиот начин на славење го привлече вниманието на целата бразилска јавност, а речиси и да нема медиум кој не известувал за роденденската прослава која наликувала на погреб.
Додека фотографиите собраа илјадници лајкови на социјалните мрежи, имало и такви на кои идејата им била морбидна.