Властите во Токио им нудат пари на граѓаните да се иселат заради пренаселеност. Од април семејствата кои се самохрани родители ќе можат да добијат по 1 милион јени, околу 7.700 долари, за дете, ако се преселат во помалку населените области низ целата земја, изјави портпаролот на централната влада.
Субвенциите се однесуваат за деца на возраст под 18 години или издржувани лица над 18 години, доколку сè уште одат во средно училиште. Ова не првпат владата да се обиде да ги поттикне луѓето да си заминат од градот и да почнат да ги населуваат помалите градови. Сега оваа сума е трипати поголема од претходно.