Во Хрватска првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака

Во Клиничкиот институт за дијагностичка и интервентна радиологија на КБЦ, за првпат во Хрватска, беа успешно изведени процедури за перкутана аблација и туморска биопсија на пациенти на онколошкото одделение со употреба на најнова технологија и роботска рака, соопштија од болницата,  а пренесува Индекс.хр

„Вештачката интелигенција со помош на роботската рака ‘Микромејт’ поставена на КТ-уредот овозможува сондата за термичко уништување на туморите да биде прецизно позиционирана во телото по првичното снимање. Ова е значајна помош за прецизна навигација дури и до најтешко дофатливите или тешко видливите мали тумори со значително помала количина на зрачење за пациентот“

Споменатиот систем со роботска рака го користат одделенијата за онкологија ширум светот веќе три години, а од неодамна и поголемите онколошки центри во Европа.

 

Scroll to Top