Периодов е најубавиот дел од годината, кога ги китиме елките, кога ќе заблескаат домовите и ќе се почувствува топлина и новогодишна магија. Децата особено се радуваат на китењето на елката, а не се имуни ни возрасните. За мнгоумина ова е најубавиот период од годината, но дали знаете зошто всушност ја китиме елката? Сето тоа е објаснето со руска бајка.
Имено, над пештерата во која Христос бил роден имало три дрва – бор, кедар и елка. Нив ги обсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат.
Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички полни со убав мирис. Борот ги спуштил најубавите шишарки, додека елката горчливо плачела, поради тоа што немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела ѕвезда па се сожалила. Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездина светлост и длабоко започнала да се поклонува, ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.
Затоа и денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос. Подароците кои се поставуваат под елката се подсетување на Христовото раѓање и баш таа радост треба да ги израдува децата