Популарниот акциски глумец Арнолд Шварценегер им се приклучи светските ѕвезди кои ѝ дадоа поддршка на Украина и ја осудија руската агресија. Тој рече дека војната на никого нема да му донесе победа и дека многумина ќе страдаат.
„Моите мисли се со украинскиот народ. Ме замолија да дадам неколку интервјуа, но верувам дека вестите треба да се фокусираат на она што се случува на терен, на трагедијата што ни ги скрши срцата и на храброста на украинскиот народ, која не инспирира“, рече Шварценегер.
„Не сум експерт за надворешна политика и анализата ќе им ја препуштам на попаметни од мене. Знам како е да се порасне по војна, во окупирана земја, и знам дека кога таа ќе заврши, нема победник, сите страдаат“, додаде глумецот.
Поранешниот гувернер на Калифорнија рече дека имал пријатели од двете страни, и од руска и од украинска.
„Војната ги уништува победниците заедно со губитниците. Имам пријатели и навивачи од Украина и пријатели и фанови од Русија. Колку што знам, никој од нив не го сака ова. Се надевам дека разумот на крајот ќе надвладее и ќе стави крај на оваа непотребна војна пред да се скршат премногу животи“, рече глумецот.