За пет години ќе имаме состаноци преку холограм, предвидува Марк Цукенберг

Марк Цукерберг го претстави новиот Meta Quest Pro, уред за виртуелна реалност наменет за професионалци, со цена од 1.500 долари. Тој беше гостин во поткаст-интервјуто за Stratechery, каде што предвидува дека средбите преку холограми со аватари ќе станат реалност во следните пет години.

„Мислам дека нема ништо што би можело да нè спречи од пет години отсега да имаме ваков поткаст само со очила за проширена реалност, а сè уште изгледа како да сме во Тајван, додека вашиот холограм е во седиштето на Мета“, му објаснува Цукерберг на новинарот Бен Тмопсом во заедничко интервју со извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела за иднината на метаверзумот.

„Можам да држам 3Д модел на уредот и да ви го предадам, за да не биде само видеоповик, нешто слично на кое навистина би можеле да комуницираме помеѓу работите, тоа би било неверојатно“, додава шефот Мета.

Цукерберг спомна дека сè што правеле во изминатите 18 години има за цел да ја направи човечката врска врвен човечки израз, во кој, како што вели, зголемената и виртуелната реалност ќе игра голема улога.

 

Scroll to Top