Журка со „Ван Гог“, Игор Џамбазов и Фиц од „Студени нозе“ на „Скопје анплагд“

„Ван Гог“, Игор Џамбазов и Фиц од „Студени нозе“ ќе настапат на фестивалот „Скопје анплагд“ што ќе се одржи на 25 јуни, на кровот на паркингот во „Сити мол“, со почеток во 18:30 часот.

„Фестивалот го најавуваме како најголемата after-work rooftop sunset забава, која на самиот почеток на летото го означува враќањето на фестивалската сезона, по една тешка година. Поради почитување на протоколите, влезниците ќе бидат во ограничен број за да се запазат сите мерки на претпазливост препорачани од владата“, велат од Универзална сала, кои се организатори на настанот.

Билетите чинат 500 денари и може да се купат на билетарницата во МКЦ или онлајн

 

Scroll to Top