Зошто се дебелееме во задникот и на стомакот?

На вашето тело секогаш постои мало перниче околу половината, вишок кожа на рацете, колку и да сте фит и да тренирате? И тоа никако не може да исчезне?

Научниците сега имаат објаснување. Доколку никако не можете да ослабите во одредени зони и не ви успева да ги намалите критичните точки, најверојатно имате хормонски дебаланс кој ве спречува во реализацијата на целите.

Метаболизмот е многу комплексна работа. Навистина постојат научни причини зошто луѓето имаат одредени облици на градба на телото. А хормоните се клучни за тој одговор. Животниот стил, исхраната и вежбањето се само мал дел од она што треба да го правиме за да имаме вита линија, вели професорот Сафрон Витхед од болницата во Лондон, „Сент Џорџ“.

Малите промени, како што вели професорот, може да направат многу повеќе. Еве што треба да направите.

Стомак

Виновник: кортизолот

Нашите тела развиле систем за препознавање опасност кога телото произведува кортизол, хормонот на стрес.

Постојано сме под стрес. Кога телото ќе препознае опасност, создава маснотии околу црниот дроб и така имаме поголем стомак, а телото создава дополнителна енергија за да се одбрани, вели д-р Марилин Гленвил, нутриционист и специјалист за здравјето на жената.

Збогатете ја исхраната со минерали, е главната препорака на нутриционистите.

Голем задник и бутови

Виновник: естрогенот

Премногу естроген во женското тело резултира со оваа појава. Можете да вклучите суплементи на база на соја за да го промените ова или да го намалите внесувањето алкохол. Тој е многу штетен доколку имате вишок естроген во телото. Исто така, нутриционистите препорачуваат исхраната да ја збогатите со витамин Е.

Scroll to Top