„Фановите ни ѕвонат на врата во 9 сабајле“ – со „2 Бона“ пред концертот на кој ќе пеат за лекување на Јана

На 12 декември „2 Бона“ ќе одржат голем хуманитарен концерт во „А1 арената“ во Скопје. Дел од средствата од продадените билети се наменети за Јана Арсовска, за чие лекување во Барселона се потребни 213.000 евра. Заедно со нив на концертот ќе настапи и српскиот рапер Мили.

„Кога организаторите нè повикаа да пееме на хуманитарен концерт, веднаш прифативме. Ги чекаме нашите фанови во што поголем број за да собереме повеќе средства за Јана“, велат Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито, кои се кријат зад дуото „2 Бона“.

Малкумина знаат дека Марко и Антонио се запознале уште во градинка, на 6 години. Оттогаш се најдобри другари. Во Драчево, каде што растеле, ја направиле првата песна „Доста е“, во студиото на нивни пријател од маалото. Иако оттогаш поминаа скоро 11 години, бум на сцената направија лани. За една година снимија десетина песни, а тие заедно имаат преку 50 милиони прегледи на Јутјуб.

Од каде „2 Бона“ и како го добиле името, како учеле да рапуваат, кој прв попушта кога ќе се скараат и дали некогаш се расправале за девојка, дали нешто им пречи кај фановите и како реагираат на критиките… гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

Scroll to Top