Атанас и Тино: Намерно доцнат со светлото за да нè видат голи

„Понекогаш имам чувство како да сме во континуиран скеч затоа што сè што правиме, правиме заедно. Ние сме во бизнис-врска или во врска од интерес. Супер функционираме сè додека не се скараме. А кога ќе се скараме, таа драма си трае, долго не зборуваме, ама на сцена мора да сме професионални и да одиграме супер“. Ова е дел од разговорот со Атанас и Тино, актерскиот тандем од Театар „Комедија“, кои неколку години ја освојуваат публиката. Тие играат во речиси сите претстави во театарот. Се запознале на базен додека спремале претстава во МНТ, среде лето. Тино вели дека има лошо сеќавање од нивното познанство, а Атанас, пак, со задоволство ја раскажа приказната за муабетот по „купаќи“.

Актерите од популарната „Вардарски пастуви“, поради која мора да носат танга, се пожалија дека намерно им доцни светлото за публикта да ги види голи.

Приказната за Атанас и Тино од студентските денови до популарноста што им ја донесе глумата, сосе тангата за инает на светлото, за дружбите, за љубовата, за гршките на сцената, за комедијата наспроти трагедијата… Гледајте го интервјуто.

Scroll to Top