Дани: Иако родителите ми се глувонеми, мојата музика ја слушаат со срцето

Кога пред 20 години се појави на музичката сцена, поп-пејачката Дани Димитровска уште на прва го привлече вниманието на јавноста. По макфестовската „Ти ми требаш“, која ја отпеа во 1999 година, тргна и нејзината музичка кариера. По две децении, таа најавува концерт на 7 март кога со филхaрмонискиот оркестар подготвува вистинска рок-симфонија.

„Возбудена сум многу, но немам трема. Со 40 музичари на сцената подготвуваме прекрасен концерт“, вели Дани.

Музиката ја засакала уште како дете. Вели дека тоа е поради нејзините родители, кои, иако се глувонеми, сепак ја научиле како да ја сака музиката. „Мајка ми и татко ми се глувонеми, па од таму љубовта за музиката, која, за жал,  не секој може да ја чуе. Тие не ја слушаат, но ме научија да го сакам фолклорот оти одеа во фолклорно друштво за  глувонеми“, ни открива Дани.

За музиката што нејзините родители ја слушаат со срцето оти не можат со ушите, за тоа како е да се биде и мајка и другарка, за синот Лазар и неговите девојки, за нејзиното момче… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top