Данило Брестовац од голман до селектор: Кога губам знам и да плачам

По шест години, Македонија на ракометно првенство оди со македонски сeлектор. Данило Брестовац, некогаш најдобар голман во Франција, го предводи ракометниот тим. На 10 јануари ќе го играат првиот натпревар во Австрија. Вели не е лесно, оти доаѓа во малку тешко време за македонскиот ракомет. Од една страна приказните дека не е човекот за оваа работа, од друга страна шансата што им ја дава на младите да се покажат, па до тоа дека има нетрпение во тимот помеѓу играчите.

„Па, мене и кога ќе победаме ме критикуваат. Јас знам како го замислувам националниот тим, ама мора да се има трпение. Може сега нема да направиме бум, ама за две-три години сум сигурен дека ќе имаме врвна репрезентација“, вели селекторот Брестовац, кој неодамна беше прогласен за најдобар екс-ју тренер.

Како помошник на Лино Червар и Ивица Обрван, а подоцна и тренер на „Металург“, но и во Луксембург, ракометната приказната почнала уште кога имал 15 години. Ама како голман. Прво играл ракомет во „Ѓорче Петров“, а од таму оди во „Вардар“ каде беше капитен и прв го крена трофејот во 1997 година. Подоцна доаѓа и понудата за Франција каде што девет години држеше рекорд. „Рекордот ми го сруши голманот што јас го тренирав“, раскажува Брестовац.

Малкумина знаат дека за шише виски го направи првиот ракометен портал во Македонија, па му се лутеле зошто прв ги дознавал ракометните вести.

За тоа какво е расположението во тимот, има ли кавги во соблекувалната, како се справува со негативните критики и дали беше тешко да излезе од сенката на Раул Гонзалес, Данило има своја приказна. Но и онаа за почетоците, за времињата со „Вардар“ кога со ракометрите биле многу популарни, за дневните шеми и излегувањата, за семејството и дали децата го засакаа спортот, ама и за шишето виски оти во слободно време работел како новинар… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top