Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на прва изгледа сериозно, сепак, зад строгите контури на лицето се крие сосема поинаква личност. Комотен во разговорот, духовит и претежно со скопски сленг, успеа да ни открие кој е Пендаровски кога не е политичар . Но, и каков е како професор, кој упорно се труди да ги убеди студентите дека Еливис Присли е крал на поп-музиката.
„Јас навистина не сум толку строг како што изгледам и луѓето што ме знаат имаат проблем да ги убедат другите дека сум поинаков“, ни открива Пендаровски, кој пред три дена наполни 56 години.
Вели дека овој пат не добил подарок од синот и сопругата поради кампањата, но на прашањето што тој најчесто подарува, низ насмевка вели: „Јас сум заникаде за таа работа. Не знам што да изберам. Најсигурен сум кога на сопругата ќе ѝ купам цвеќе или, како лош Балканец, ќе ѝ дадам пари за таа да си купи што сака“, искрен е Стево. Со сопругата Бети, која е докторка и професор на Стоматолошкиот факултет, е 20 години во брак. Се запознале во време кога таа ја загубила својата помала сестра во сообраќајна несреќа. Тој ѝ бил потпора во најтешките мигови. Но, и таа нему иако не било лесно да се справи со еден куп љубовни женски намириснаи писма кои стасувале на домашна адреса или во тогашното МВР, кога Стево за време на воената криза стана омилен на женската популација.
За љубовта и бракот, за тоа зошто сопругата Бети го задржала своето презиме и како реагирала околината на тоа, за љубовните писма во МВР, за детството, за тоа дали бил омилен во класот, каде одел во диско, со кого се дружел, крева ли тегови по дома, сака ли брендови….гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев