ЕКСКЛУЗИВНО СО БРЕНА:Пораките што ги добивав кога ми го киднапираа детето ме прогонуваат и денес

Од песната „Чачак, чачак“, која водителот Минимакс ја пуштил во емисија сакајќи да се пошегува со нејзината облека или со  изгледот, па до денес  балканската фолк-ѕвезда Лепа Брена ја живее популарноста што ја стекна пред 35 години. Поводот за  интервјуто е нејзиниот концерт на 15 декември во Скопје во ВИП-арената „Борис Трајковски“.

Вели дека концертот ќе биде реплика на оној што го одржа неодамна во Белград. Во интервју за „Репортер“, Брена се врати на почетоците од својата музичка кариера и ни раскажа како почнала нејзината приказна.

„Сè почна од ‘Хит парда’ кога на Минимакс му ја дадоа снимката на ВХС со порака ‘еве ти нешто за да се шегуваш’, не знам дали поради облеката или поради мене, сеедно. Ме најави како земјотрес, и по ‘Чачак, чачак’, тргна атомската бомба и ете станав славна и многу популарна“, раскажува Брена.

Во разговорот таа ни откри и за најтешките мигови, кога ѝ го киднапираа синот Стефан, па речиси со солзи во очите прозборе за голготата што тогаш ја поминале. Но, откри и од каде ѝ е прекарот Лепа Брена, оти никој не ја вика Фахрета, за носталгијата и распадот на Југославија, за тоа дали е скарана со нејзината снаа Александра Пријовиќ,  како му „се пуштила“ на Боба, со кого и денес е во брак….Гледајте во интервјуто.

Александра Георгеиев

Scroll to Top