Ексклузивно со Џеј: Земав кокаин, крадев и сѐ уште пијам

Иако имаше операција на срцето и неколку месеци се оправуваше, Џеј Рамадановски, ниту ги остави цигарите, ниту алкохолот. Пие, пуши и пее до пет сабајле. Таков и го затекнавме во Скопје, по настапот на една приватна забава. Единствено на што внимава е да не скока кога настапува зашто му е страв „пак да не му пукне срцето“.  И додека кажува за својот живот, не може човек, а да не се насмее. Така некако помина и разговорот во интревјуто за „Репортер“. Кажува сешто. За времето кога бил деликвент, за кокаинот, алкохолот, смртта на сестра си, за поправните домови во кои спиел, за тоа дека пуши од осум години.

„Лекарите ми викаат ни една цигара, ама не можам. Не оставам ни цигари ни алкохол. Не сум алкохоличар, ама си пијам“, вели Џеј.

Разговаравме и за неговиот пропаднат брак со сопругата Нада, за внукот Андријан, за кој вели дека е „мангуп на дедо му“, но и за тешкото детство со сите пороци и патот до славата. Гледајте го интервјуто.

Андријана Јовановска

Scroll to Top