Калиопи: Мојот син Пако има две мајки, јас и сопругата на Ромео

Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ во Скопје ја претставија својата дуетска песна „Знам“, во „Аудиокултура“ во Тафталиџе. Убаво беше да се види толкав број новинари и пријатели на Калиопи кои дојдоа на пресот. Песната „Знам“ ја напиша бившиот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, со кој таа остана во супер односи и по разводот. Со голема љубов зборува за Ромео, за нивната соработка и за синот Пако.

„Јас и Ромео сме многу блиски, и тоа не е тајна. Се немавме видено три години, иако сме постојано во контакт. Ние сме цивилизирани луѓе и сме во одлични односи. Јас сум многу блиска со неговата жена, па не само што се дружиме, туку таа има клуч од мојот стан“, раскажа Калиопи за Репортер.мк

Зборуваше синот Пако, кој им е најголема поддршка  и кој е горд на своите родители. Тој и денес живее со татко му, па неслучајно Калиопи вели дека има две мајки.

За тоа како е да се работи со бившиот маж, за загубата на својот татко за кој вели „Кога тој замина како да ја зема со него и малата Опи“, поп-дивата со емоции зборува во интервјуто. За соработката со Жељко, пак,  вели: „Немам дуети, на прсти се бројат. Јас ова не го правам за маркетинг или затоа што е добро за популарноста, секогаш го правам кога знам дека е нешто што е добро и исполнето“, рече таа на промоцијата во Скопје.

Поп-дивата најави концерт и турнеја низ Македонија како и нова песна.

Александра Георгиев 

Scroll to Top