Кога влегов во затворот, цимерите мислеа дека е скриена камера: искрено со Ламбе Алабаковски

Некогашната тинејџерска ѕвезда Ламбе Алабаковски денес е сериозен маж, татко и сопруг. По седум години живеење во Детроит, тој со сопругата Магдалена и двата сина се врати во Македонија.

„Ние сме од ретките што се вратиле. И порано ќе си дојдевме да не беше пандемијата. Во Детроит работев сешто, бев обезбедување на аеродром, возев ‘убер’, но јас и тука искрено би работел сè“, открива Ламбе и додава: Најголемата причина поради која се вративме беше тоа што не можев да се помирам децата да учат на туѓ, а не на својот мајчин јазик“, открива Алабаковски во интервјуто за „Репортер“.

Лани како бомба одекна веста дека Ламбе го запалил бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. „Спонтано и трезвено го направив тоа, но ете, иако сум мирен и не сум насилен човек, и кај мене излегоа тие родољубиви чувства оти сметам дека на тој клуб местото не му беше таму. Никој не знаеше за ова, ни сопругата, па дури и кога ги прегледуваа камерите, не им се веруваше дека сум јас“, искрен е Ламбе. За деновите минати во затвор, приказната ја сврте малку и на шега, иако вели: во самица најмногу размислуваш што си направил и колку ти недостига семејството“.

За цимерите во затворот, за деновите таму, за нивната реакција кога влегол, дали биле фини или не, дознавме во разговорот.

Во брак е 10 години со Магдалена, која му најголемата поддршка, среќен е што повторно ѝ се врати на музиката и планира голем концерт. Има своја градина во Битола, која ја средува, а откри и дека е голем домаќин, па сака да готви. Зборуваме за синовите, за детството во Љубојно, за името што го наследил од дедо си Ламбро, за времињата на популарноста, за животот во Америка. Зборуваме за инцидентот со клубот, за чувствата тогаш, но и за деновите во затворот. Искрено со Ламбе Алабаковски – гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top