„Место свадба, правевме журка во Загреб со блех-оркестар од Штип“, искрено со актерката Јелена Јованова

Рецепционерката Јелена од Драчево е веројатно еден од омилените ликови од хумористичната серија „Преспав“.  Четвртата сезона на големо се снима, а актерката Јелена Јованова раскажува дека и на снимањето е исто толку забавно, како и во серијата.

„Уживам во лудилото на Јелена.  Заради неа  постојано добивам покани за кафе и прошетка во Драчево, како и позитивни кометари. Мора да најдам време за да отидам таму“, ни открива актерката Јованова.

Филмот на Аџелина Џоли во кој играше беше пресуден за да ја добие улогата во хрватската серија „Тајни“  кога го запозна  и хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого се омажи.

„Стјепан научи да зборува штипски, ама и литературно македонски. Вљубен е во нашата кујна, а на мени мора да имам сарма и тавче-гравче“, открива Јелена.

За  љубовата со хрватскиот актер и свадбата во Загреб, за животот таму и зошто плачела првите денови на снимањето на серијата „Тајни“, но и како ја добила главната улога, Јелена има своја  приказна. Но и за детството во Штип, за родителите, како решила да стане актерка …..Гледајте го интервјуто

Александра Георгиев

Scroll to Top