„Не отидовме по невестата, сватовите дојдоа по мене“, Александар Белов за српската свадба и кариерата

Публиката првпат го запозна Алекандар Белов пред 11 години, кога се натпреваруваше во регионалното музичко шоу „Операција триумф“. Од самиот почеток стана миленик во целиот регион. Вели, и денес не може да поверува дека публиката од сите екс-ју републики гласаше за него, момче од Неготино што случајно се пријавило во шоуто.  Иако беше фаворит, на крајот Александар заврши трет. Не жали што не победил, затоа што на снимањето на „Операција триумф“ ја запознал сопругата Јелена, која е од Крагуевац. Врската ја почнаа пет години подоцна, а свадбта беше пред еден месец.

„Свадбата буквално траеше шест дена. Со Јелена решивме да испочитуваме дел од македонските и дел од српските обичаи“, се пошегува Белов, па раскажа како изгледа една српска свадба.

Освен за свадбата тој раскажа и за она време кога заради луѓето од „Операција триумф“ му се уништи кариерата. И нему и на сите учесници.

За љубовта со Јелена, за војводите на свадбата, зошто е разочаран од музичката сцена во Македонија, за популарноста по „Оперција триумф“, дали победата на Аднан Бабаиќ беше наместена, зошто договорот со „Емоушн“ бил катастрофален, но и зошто никој од учесниците во шоуто не стана ѕвезда, гледајте го видеото…

Андријана Јовановска

Scroll to Top