Слаткар: Не сум пи*ка за да бидам платеник на државата

Марко Маринковиќ – Слаткар, повеќе од десет години е еден од најпопуларните хип-хоп музичари кај нас. Од „ФМ“ и „Касика“, преку „Терориста“ и „Амстердам“, па се до „Отворено писмо“, песните, вели дека секогаш ги прави за себе, за да каже нешто гласно, а не за да ѝ се додворува на публиката. Пред два месци велеше дека „живееме во шупа“, па го обвинија дека земал пари за владина пропаганда. Неодамна јавно ја поддржа легализацијата на марихуаната, велејќи дека таа ќе не извади од економските проблеми.

„Ме нарекоа и предавник и пи*ка кога ја промовирав ‘Отворено писмо’, ме прашуваа колку пари зедов за песната. А никој не рече дека тоа што го кажав е погрешно. Дебилно е да кажеш дека државата ме платила за пропаганда, а една недела подоцна да излезе песната за кампањата за европска Македонија. Сакам да живееме во здраво општество, во држава што нуди подобро утре, без омраза, без фашистички идеи што пробуваат да ни ги наметнат“, ни раскажа  Слаткар.

Марко од неодамна е член на здружението „Билка“ што се залага за легализација на марихуаната во Македонија. Вели, оваа „земјоделска билка“ може најлесно да не извади од економската криза во која се наоѓа државата. Но освен за тоа како ја доживува марихуанта, Слаткар ни раскажа и за тоа како ги заработил првите пари и за шамарите од татко му, како се запознал со Сања, филмот што го сними во Бугарија, за тоа дали е владин платеник или не. Погледнете во видеото.

Андријана Јовановска

Scroll to Top